Македонскиот пливач Филип Деркоски заврши на последното место во својата квалификациска група во трката на 400 метри слободно на Летните олимписки игри во Токио.

Тој во првата квалификациска група во оваа дисциплина, во која беа само четири пливачи, заврши последен со време 4:03.34 што е подобро од неговото пријавено време за Олимписките игри.

Деркоски го подобри времето со кое беше пријавен на ЛОИ за 76 стотинки, од она испливано на 17 мај (4:04.10 минути).