Крајот на индивидуалните настапи во уметничко пливање на Светското првенство во Будимпешта за малку ќе донесеше трагедија.
Имено, Американката Анита Алварез се онесвести додека ја изведуваше својата вежба, а на крајот животот и го спаси тренерката која скокна во водата и некако успеала да се извлече.
Сцените воопшто не беа убави за гледање бидејќи Алварез беше на неколку секунди од смртта, но за среќа сега е надвор од животна опасност.