Шокантната сцена која пристигна од Светското првенство од Будимпешта каде 25-годишната Американка Анита Алварез се онесвести за време на својот настап во базен, а потоа беше спасена од сигурна смерт од својата тренерка Андреа Фуентес, сосема очекувано е главна тема во спортските медиуми.

Инаку, ова не е прв пат Американката да се онесвести во базен. Истото и се случило и минатата година во Барселона. Тогаш нејзината мајка раскажала дека и претходно ја видела својата ќерка да се онесвестува, но тоа не и се случило во базенот или за време на настапот.

  • За жал, ова го видов и порано. Веднаш знаев… На нивниот последен елемент, можев да кажам дека нешто се случува. Беше тешко да се гледа, дефинитивно, вели Карен Алварез.

Алварез, која беше избрана за најдобра уметничка пливачка во САД во 2021 година, очигледно е навикната да живее со овој проблем и не се откажува од натпреварувањата.

Интересно, иако досега има настапувано на голем број големи натпреварувања како Олимпијада и неколку Светски првенства, Алварез се уште нема медали во својата кариера.