Кошаркарската репрезентација на Македонија ги заврши подготовките за првиот дуел од квалификациите за пласман на Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2021 година. Натпреварот со Естонија е од голема важност, ако не и најважниот во овој циклус, а истиот го најави селекторот Александар Тодоров.

  • Влегуваме во последните часови пред првиот квалификациски натпревар. Mожам да кажам дека дека одработивме еден циклус од осум тренинзи и еден меч пред натпреварот со Естонија, нешто што ме прави многу задоволен. Комплетни сме со сите кошаркари и успеавме нешто да организираме. Сексо дека имавме и мали проблеми по мечот со Гостивар, неколку играчи имаа вироза и не тренираа. На последниот тренинг се повредија и двајцата плејмејкери но, треба да бидат во тимот за мечот, изјави Тодоров.

Дуелот меѓу Македонија и Естонија ќе се игра во „А1 Арена“ при СЦ „Борис Трајковски“,утре од 20:15 часот.