Плетенки полнети со сирење/ВИДЕО

171
Фото: printscreen Youtube

Идеални се за појадок или вечера, но како и да е овие плетенки полнети со сирење ќе ви станат омилени. Имаат крцкава структура и се топат во уста. Посебен вкус им дава моцарелата, но подеднакво вкусни се и со било кое друго сирење. Едноставно мора да ги пробате.

Состојки:

  • 190 гр брашно
  • 30 гр брашно од ориз
  • 1 јајце
  • 2 лажици шеќер
  • 5 гр сув квасец
  • 120 мл млеко
  • 1 лажица стопен путер
  • ¼ лажичка сол
  • сирење по избор
Подготовка

Во топло млеко измешајте ги шеќерот и квасецот. Оставете да нарасне, а потоа додадете брашно (двете брашна), сол, путер, јајце и замесете тесто. Оставете го да одмори еден час, а потоа премесете го.

Оставете да стои уште 40 минути. Исечете ја моцарелата на ленти. Поделете го тестото на 12 дела. Расукајте го секое парче во правоаголен облик и ставете го сирењето внатре. Затворете го тестото, а потоа почнете да го вртите и плетете.

Пржете во многу масло.