Светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ, не успеа да го освои календарскиот грен слем, но и да стане најтрофејниот тенисер историјата кога се во прашање титулите од големите турнири.

Во финалето на САД Опен беше поразен од Русинот Данил Медведев, а во самиот финиш и по мечот се расплака. Тоа емотибно го доживеа и  втората тенисерка на ВТА листата, Полјачката Ига Швјонтек, која е позната како голем фан на Шпанецот  Рафаел Надал.

-Не сум фан на Ѓоковиќ, како девојка идол ми беше Надал. Но, навивав за Новак да го освои календарскиот грен слем, бидејќи мислев дека тој го заслужува тоа. И ако некој може да го освои, тоа е само тој. Затоа плачев кога го загуби финалето на САД Опен, рече Швјонтек.

Ѓоковиќ има 20. грен слем титули, исто колку и Надал и Федерер, од кои најмногу освои на Австралија Опен (девет).