Романската тенисерка Андреа Присакариу во неколку наврати изјави дека му се восхитува на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој неодамна, по 10-ти пат во кариерата, го освои Австралија опен. По овој подвиг, се огласи и Андреа.

  • Гледав АО, но само оние натпревари на кои играше Ѓоковиќ. Тој е многу силен и тврд лик со неверојатен ум. Не можам да најдам зборови да го опишам. Лично, кога ми е тешко, ги гледам неговите видеа на Јутјуб за да се чувствувам подобро. Само тој знае низ што помина минатата година (поради невакцинираност, му забранија за учествува на АО). Но, дојде оваа година, победи и покажа кој е шеф. Тоа беше сензационално! Тој покажа и какво емотивно влијание имаа врз него сите настани – истакна Андреа.

Андреа призна дека плачела кога ги видела солзите на лицето на Новак по натпреварот.

  • Таа реакција на крајот ме расплака. Плачев гласно 10 минути. Може само да замислите колку вложи таа година, кога не ни играше. Доаѓа, ја започнува годината подготвен како што е… Тоа е нешто што 0,1 отсто од луѓето може да го направат, тоа е ретко – заврши Романката.