Платформа за пријава на напади врз новинари во Словенија

24

Словенечкото здружение на новинари (ДНС) покрена платформа на која може да се пријавуваат напади врз новинари, било физички или вербални.

На овој начин систематски ќе се следат нападите врз новинари кои го надминуваат нивото на дозволена аргументирана критика на нивната работа, а пошироката јавност ќе биде запознаена со проблемот околу новинарските активности, објави водечкото словенечко здружение на новинари.

Идејата за ваква платформа се покажа како неопходна бидејќи во последните две години, според словенечките новинари, политичкото и јавното расположение стана се порестриктивно и непријателско кон работата на новинарите.