Пласидо Доминго е позитивен на Ковид -19

140

Шпанскиот оперски пејач Пласидо Доминго (79) е заразен со коронавирус, откако неговиот тест се покажал позитивен.

Веста за заразувањето Доминго ја соопшти самиот на својот профил на фејсбук

-Се чувствувам обврзан да ве информирам дека имав позитивен тест за Ковид -19. Моето семејство и јас сме во самоизолација. Во моментов  сите сме во добра состојба, но јас почуствував симптоми на треска и кашлица и затоа одлучив да се тестирам и резултатот се покажа позитивен. Ги молам сите да бидат исклучително внимателни, почитувајќи ги основните правила, како честото миење раце, стоите на растојание од најмалку два метра од други луѓе, и правете се што е можно за да го запрете ширењето на вирусот. Пред се најважно е да останете дома, ако можете! Заедно можеме да се избориме со овој вирус и да ја запреме актуелнава светска криза. Имам надеж дека наскоро ќе се вратиме кон своето нормално секојдневие. Ве молам да ги следите пораките и наредбите на локалните власти за да останете безбедни и да се заштитите не само себе си, туку и нашата цела заедница”, напиша оперскиот пејач на својот профил на фејсбук.