Планот на Инфантино е да нема СП на секои четири години

128
epaselect epa10313977 FIFA President Gianni Infantino addresses a press conference in Doha, Qatar, 19 November 2022. The FIFA World Cup Qatar 2022 will take place from 20 November to 18 December 2022. EPA-EFE/MOAHAMED MESSARA

Првиот човек на Светската фудбалска организација (ФИФА), Џани Инфантино, сака светското првенство да има на секои три години, а не како сега, на секои четири години, откри британски „Дејли Мејл“.

Претседателот на ФИФА, охрабрен од Мундијалот во Катар, смета дека првото зимско светско првенство покажа дека фудбалската игра може да порасне уште повеќе. Сп 2022 и обезбеди на ФИФА рекордна заработувачка од седум милијарди евра, а тоа е речиси милијарда евра повеќе од претходниот Мундијал во Русија.

  • Планот на Инфантино е светското првенство да се организира на секои три години, а преостанатите две години ќе бидат резервирани за светското клупско првенство и за континенталните натпреварувања како што е европското првенство, пишува „Дејли Мејл“.

Посакуваната промена сигурно нема да се случи до 2030 година, затоа што веќе е дефиниран календарот за големите натпреварувања, но се верува дека после Мундијалот во 2023 година, Инфантино ќе ја реализира својата идеја за светско првенство на секои три години. И претходно тој најави дека планира да биде прв човек на ФИФА до 2031 година и затоа има доволно време за да ги реализира најавените промени во најважната споредна работа на денешницата.

На почетокот од својот мандат Инфантино ја форсираше идејата светското првенство да биде организирано на секои две години, но неговиот предлог не беше прифатен од Европската куќа на фудбалот (УЕФА) и од јужноамериканските фудбалски федерации.