Планктониум спроведува обуки за инспектори и комунални редари

35

Започнаа обуките за информирање и запознавање на овластени инспектори и комунални редари од сите општини во земјата организирани од Граѓанското здружение „Планктониум“, во врска со новиот Закон за третирање отпад.

Предвидени се четири обуки, поделени по региони, Југозападен и Пелагониски регион, Вардарски и Југоисточен регион, Источен и Североисточен регион и Скопски и Полошки регион.

– Веќе се постигнати одредени успеси во поглед на носење нова законска рамка за управување со отпад, која е хармонизирана со законодавството на ЕУ. Но, носењето на законите нема да има големо значење доколку не бидат спроведени соодветно. Едни од клучните чинители во овој процес се инспекторите и редарите, бидејќи надзорот на овие закони и нивното спроведување е поделен помеѓу неколку инспекторати во земјата. Поради овој факт сега се фокусираме на правилната обука на овие чинители во сите општини во државата за истите да бидат поподготвени во нивната примена – изјави Ана Стојановска, претседател на граѓанското здружение „Планктониум“.

За време на обуките презентирани се и потенцијалите на Цементарница УСЈЕ АД Скопје во процесот на интегрирано управување со отпадот и неговата реупотреба.