Планираното слетување на Месечината се одложува на неодредено

34

Американската вселенска агенција НАСА, соопшти дека поради пандемијата на коронавирусот, привремено ќе го сопре производството и тестирањето на хардверот за ракетата и капсулата што ќе се користат во планираните мисии за лет на Месечината.

Во изјавата на администраторот на НАСА, се укажува за затворање на две многу важни фабрики во Мисисипи.

„Со оглед на тоа што еден од вработените во Вселенскиот центар Стенис е позитивен на коронавирусот и бројот на заразени расте, се одлучивме на овој потег. Иако нема заразени во другата фабрика и тој погон веднаш престанува со работа на терен. Свесни сме дека тоа ќе влијае на идните мисии, но здравјето е на првото место“, соопштија од НАСА.