Планински град во Калифорнија евакуиран поради шумски пожар

31

Планинскиот град Сан Хасинто во Калифорнија со речиси 50.000 жители рано изутринава е евакуиран поради опасен пожар што во ноќните часови избувнал во суви и ветерни услови.

Според најновите информации од локалната пожарна служба, до 6:35 часот изутрина западноамериканско време, пожарот се проширил на територија поголема од еден и пол квадратни километри, а биле угасени само пет отсто од пожарот. Во гаснењето учествуваат 260 пожарникари, со машинерија од копно и авиони од воздух.

Според „Ведер чанел“, областа e ставена во црвен аларм од вчера попладне, со ветришта со брзина и до 70 километри на час, додека температурите се 20 Фаренхајтови степени над просечните за овој дел од годината.

Во текот на 2020 година Калифорнија беше изложена на низа големи и смртоносни шумски пожари.

Извор:МИА