„Плажата на љубовта“ е туристичка атракција, а е создадена со бомбардирање/ФОТО

230

Среде мексиканскиот архипелаг Мариета, има место за вљубените, таканаречената „Плажа на љубовта“. Иако островите биле обликувани од вулканска активност, интересната плажа е настаната во експлозии на бомби.

Сокриената мексиканска Playa del Amor (на шпански Плажа на љубовта), не е толку сокриена за да не може да се најде.

Овој рај за вљубените се наоѓа на еден час патување северо-западно од Порто Ваљерто, и многу близу до групата ненаселени острови Мариета.

Во последниве години, Плажата на љубовта стана многу интересна за љубителите на романтични авантури, така што се повеќе туристички агенции нудат патувања на ова гнездо за љубовниците.

Иако целиот архипелаг Мариета бил формиран со акција на подводни вулкани, Плажата на љубовта се создала на поинаков начин – со бомбардирање!

Во раните години на 20-ти век, ненаселените острови биле користени за воени тестови од страна на мексиканската влада.

Бомбите најверојатно се причина за топографијата на архипелагот, па дури и скриените плажи за вљубените.

Островите Мариета беа прогласени за национален парк во 2005 година за заштита на подводниот живот во областа околу архипелагот, така што опасноста од бомби повеќе ја нема.