Пијаниот Снајдер заврши во полиција

131

Легендарниот репрезентативец на Холандија, Весли Снајдер, беше уапсен во родниот Утрехт, откако во алкохолизирана состојба го демолирал автомобилот на својот сосед.

Надзорните камери го уловија искусниот играч за врска како прво го демолира автомобилот на својот сосед, а потоа и како игран на кровот од истиот автомобил.

Благодарение на брзата реакција на полициските службеници, Снајдер беше уапсен, но фудбалерот не остана ниту една минута зад решетки затоа што веднаш прифатил да ги исплати сите трошоци кои ги направил, а истите изнесувале 5382 фунти.

Холандската јавност остана во шок поради овој вандалски чин и сите се изненадени од однесувањето на човекот кој на 134 натпревари го има носено репрезентативниот дрес на Холандија.

Во својата фудбалска кариера, Весли Снајдер го носеше дресот на големите европски гиганти како што с Реал (М) и Интер со кого во 2010 година го освои и пехарот во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони, а во последните 18 месеци го носеше и дресот на катарскиот клуб Ал Гхарафа.