Пирло тренер на резервниот тим

52

Легендарниот репрезентативец на Италија, Андреа Пирло, преговара со својот поранешен клуб Јувентус, околу функцијата тренер на резервниот тим до 23 години, тврди „Кориере дела Сера“.

Идејата е 39-годишниот Италијанец да го преземе тимот од следната сезона, бидејќи актуелниот тренер Мауро Цинкорели не успева да се справи добро со своите обврски да го внесе тимот во Серија „Ц“.

Во моментов Пирло работи како аналитичар на фудбалските натпревари во етерот на „Скај Спорт Италија“, но веќе помина курсеви за соодветните тренерски лиценци.