Пирло му удри клоца на Игуаин

157

Новиот тренер на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Андреа Пирло, и официјално потврди дека во новата сезона нема да смета и на услугите на аргентинскиот интернационалец Гонзало Игуаин.

  • Имав разговор со Гонзало. Да бидам искрен, овој фудбалер заслужува почит за годините што ги поминал во Торино. Заедно решивме дека понатаму ќе имаме различни патеки. Што има со Кедира? Додека тој е повреден, ние ќе продолжиме да ја следиме неговата рехабилитација, а потоа ќе донесеме конечна одлука, изјави Пирло.

Минатата сезона, 32-годишниот Игуаин одигра 32 натпревари во Серија А, на кои постигна осум голови и направи четири асистенции.

За разлика од поранешниот фудбалер на Ривер Плата, Реал (М), Милан и Челзи, неговиот сонародник Пауло Дибала и во новата сезона ќе престојува на „Алијанц арена“. Шефот на стручниот штаб изјави дека има потреба од услугите на Дибала и додаде дека Аргентинецот не е за продажба.