Поранешната ракометарка на Вардар, Алисон Пино веќе пристигна во Будуќност. Таа беше претствена и го искажа својот прв коментар како ракометарка на шампионот на Црна Гора најавувајќи успешна сезона.

-Двете страни имаме фолеми очекувања и драго ми е дека се враќам во Лигата на шампионите која ќе биде приоритет во новата сезона. Познавам повеќе од ракометарките на Будуќност бидејќи со некои од нив играв заедно, а имаме и многу меѓусебни дуели од минатото. Тимот го засилија неколку ракометарки, но ќе има повеќе искуство откако во последните неколку сезони. Главната цел ни е место на завршниот турнир и за мене е тешко да мислам на нешто друго освен за ова, изјави Пино.