Пилешка крем супа со тестенини е сè што ни треба оваа есен!

475

Иако готвењето супа се чини како најлесната кулинарска задача што бара само тенџере со вода, зеленчук и месо, готвењето совршена супа не е толку лесно.

Ви носиме рецепт за вкусна и кремаста пилешка супа од тестенини која е сè што ви треба оваа есен.

Состојки

  • Три лажички путер,
  • една главица кромид,
  • три чешниња лук (средна големина),
  • две лажички ситно сецкана мајчина душичка или три лажички сушена мајчина душичка,
  • две лажички сол, мелен пипер,
  • два средни моркови излупени и тенко исечени,
  • 30 грама брашно (околу една полна лажица),
  • пилешка коцка за супа,
  • широки тестенини (резанци) со јајца,
  • насецкано варено пилешко месо,
  • три лажички ситно сецкан магдонос,
  • една лажица свеж сок од лимон

Подготовка

Загрејте го путерот на тава, на послаб оган. Додадете го кромидот и пржете неколку минути, додека не омекне. Потоа додадете го лукот, мајчината душичка, сол, бибер, брашно и гответе мешајќи уште две минути.

На страна во тенџере ставете ја коцката супа во еден литар вода, да зоврие, а потоа во неа постепено додавајте ја претходната смеса. Додадете ги морковите и намалете го огнот, по што ќе оставите да врие 15 минути.

Додадете ги тестенините и гответе ги 8 до 10 минути, односно да омекнат и претходно додадените моркови, а да се сварат и тестенините. Додадете го пилешкото и павлаката и варете уште 2 до 3 минути, додека не зоврие.

На крајот додадете магдонос и сок лимон, по вкус уште малку сол и бибер. Супата е подготвена за сервирање.

Пријатен вкус!