Пике ѝ раскинал на Шакира поради девојка од Скопје

2012

Заменик-капитенот на каталонскиот гигант Барселона, Жерар Пике, веќе со денови е главна тема во јавноста поради разделбата со поп-ѕвездата Шакира. Сосема очекувано, медиумите вината за разделбата ја лоцираа кај поранешниот репрезентативец на Шпанија, кој наводно ја изневерил атрактивната блондинка, а масло и на така големиот оган додадоа бугарските таблоиди кои тврдат дека дефанзивецот на Барса се разделил од Шакира поради девојка од Скопје.

Таинствената девојка која ја разделила двојката е наводно Драгана Спасовски, родена во Скопје, од татко Македонец и мајка Бугарка.

Таа во изјава за „Фокус“ потврдува дека се познава со Пике, но не смее апсолутно ништо да коментира во врска со него.

  • Нормално дека се познавам со Пике, имаме и заеднички фотографии, тоа е нешто што не можам да го демантирам. Во Бугарија веќе се објавија и фотографии… Но, за сите други детали, за сето она што деновиве ја бранува јавноста, не смеам да зборувам сега. Сега не смеам да изјавувам апсолутно ништо во врска со него и да давам коментар. Приказната за нас е доста актуелна во Бугарија, но јас ниту би потврдила ниту би демантирала во овој период. Се надевам дека ме разбирате – изјави за „Фокус“ Спасовска, која подолг период живее и работи во Дубаи.