Пике бесен поради интервјуто на Шакира: Пејачката го користи семејството за да се одмазди

359
Фото: screenshot youtube

Жерар Пике наводно е бесен откако поранешната партнерка Шакира во едно неодамнешно интервју откри дека ја жртвувала својата кариера порадеи него – за тој да може да игра фудбал.

Интервјуто на Шакира за магазинот Elle не помина најдобро кај играчот на Барселона, бидејќи тој верува дека пејачката глумела жртвата пред медиумите, тврди извор близок до Пике.

Шакира во разговорот со магазинот изјави дека кариерата ја ставила во „втора брзина“ за да се пресели во Шпанија, за Пике да се занимава со спорт без проблеми.

Фудбалерот, сепак, смета дека ваквите тврдења на пејачката се начин да се одмазди.

Пике наводно е револтиран од изјавите на Шакира и верува дека сака сите да мислат дека таа е жртва во оваа ситуација.

Бесен е што Шакира себе си се смета дека само таа одвоила време за семејството и да се грижи за децата, а во случајот тој не е семеен човек.

„Сите што го познаваат знаат дека дури и да излегол неколку ноќи на пијалок, тоа секогаш го комбинирал со работата, но и со грижата за семејството“, изјави извор близок на Пике.