Пикер од Тунис ќе го замени Мораеш

103

Заминувањето на Бразилецот Рожерио Мораеш во таборот на Веспрем е пред реализација, па раководството на Вардар ја стартуваше потрагата по нов пикер што од наредната сезона би го наследил во црвено-црниот дрес. Прв избор беше Сипжак, кој експресно ги одби „вардарци“, а сега вниманието е насочено кон ракометарот што одигра одлично на Мундијалот во Германија и Данска, Јусеф Бен Али.

Станува збор за туниски ракометар кој веќе неколку сезони настапува за репрезентацијата на Катар. Тој беше еден од најзабежителните во таборот на азискиот првак на СП 2019, а најдобра потврда за добрите игри е фактот дека со 45 постигнати гола е најдобар стрелец на овој светски шампионат.

Бен Али е дел од францускиот второлигаш Шартр, но предизвикот да се биде дел од Лигата на шампионите сигурно ќе биде еден од главните адути на Вардар во преговорите за ангажман на овој 197 сантиметри висок ракометар.