Пиво-фест и Фолк-фест 2022 во Прилеп, ова лето – со естрадните (ексЈУ) ѕвезди и новите македонски фолк-хитови….

6388

Прилеп, градот под Марковите кули со почетокот на ова лето и во текот на долго, топло лето станува центар на голем број музички случувања. Редно беше после двогодишната пауза поради корона-пандемијата. Најпрво на 26 мај ќе се случи новообновениот фолк-фест “Прилеп-фест“(со учество на Нино Величковски, Елена Велевска, Марјан Коцев, Сузана Гавазова, Јордан Митев….) а, потоа кон средината на јули веднаш после Петровден ќе се одржи повеќедневниот и надалеку популарниот “Пиво-фест 2022“.

Токму тој “Пиво-фест“ изминатите години на својата сцена донесе голем број естрадни ѕвезди: Цеца Ражнатовиќ, Лепа Брена, Владо Георгиев, Јелена Розга, Емина Јаховиќ, Жељко Самарџиќ, Данијела Мартиновиќ, Горан Бреговиќ, Оливер Драгојевиќ, Северина, “Парни ваљак“, “Фрајле“, Мирослав Илиќ, Неда Украден, Здравко Чолиќ…. Самиот фестивал како фестивал со настапите на овие ѕвезди успеа да стане вистински туристичка мамка не само за Прилеп, туку за целиот тој регион.

Дневно во Прилеп во тоа време циркулираат и над 100.000 гости. Веќе се прават сите подготовки во однос на паркинзите, водоснабдувањето и одржувањето на хигиената во градот, а на беспрекорно одвивање на програмата ќе работат и над 1.000 волонтери.
Фестивалот на кој се слави вкусното прилепско пиво важи за еден од најдобро организираните на Балканот, но и еден од најпосетените. Тоа и пејачите знаат, па секогаш со радост се огласуваат на поканите за настапот. Па, нели и хонорарите се добри. Тогаш зошто да не?! За оваа година конечниот список на пејачите уште не е дефиниран, ќе се знае до крајот на овој месец.

Но секако дека пак ќе има звучни имиња. Сите они госто кои немаат уште обезбедено сместување во хотелските капацитети во градот и околината, тука се и капацитетите во Крушево, па и соседната, блиска Битола, односно и во преубави околни места.Тука се како и до сега секако и медиумите од Македонија (весникот ВЕЧЕР) и странство, кои ќе го следат “Пиво-фест“. Со тоа би рекле дека фестивалот може да почне, но…најпрво да ги дознаеме имињата на овогодинешните пејачки ѕвезди, кои се секако мамка за публиката и кои ветуваат одлична забава, на старото добро и одлично место, на Градскиот плоштад. (Д.М.)