Македонскиот пејач Даниел Данн деновите не ги минува во изолација, туку оди на работа. Има шест години како што работи во болницата „8ми Септември“ во Скопје, па поради вонредната состојба со коронавирусот, сега има премногу обврски кои воопшто не му пажаат тешко бидејќи со сето свое знање и својта трудељубивоста помага во борбата против пандемијата. И покрај тоа што периодов нема свирки Даниел кога е по дома работи на новата песна, а ќе ја промовира по кризата. Тој деновиве преку социјалните мрежи постојано споделува домашни видеа во кои пее домашни и светски хитови.
„Бидејќи сум вклучен во здравствениот систем на нашата земја, обврските периодов ми се зголемија, вели Данн (за reporter.mk) Но, најмногу ми недостигаат настапите со мојот бенд, публиката, фановите, размената на убава енергија. Ми недостига можноста да си ги реализирам сите планови, но се обидувам, како и за сè во животот, да ја гледам поубавата страна. Па освен што мораме апсолутно да се придржуваме до препораките за заштита на јавното здравје, важно е и да се трудиме да останеме со позитивна мисла и да најдеме среќа во малите нешта“. (Д.М.)