Пејачката Шикица е жив баксуз!

95

Една од љубовниците на мажот ми, ми дојде преку глава, па ја акнав со мотика. Да ги изброи ѕвездите. За среќа, не многу, но доволно да ѝ дојде мозокот на свое место!

Кога ја испеа песната „Баксуз, баксуз“, познатата пејачка Снежана Шикица не ни сонуваше дека навистина ќе ѝ се случи тоа. Таа ја занеме публиката кога ја призна шокантната вистина за својот сопруг, кој многу ја изневерувал.

– Би требало да ми верувате бидејќи мојот сопруг имаше 99 девојки. Секакви… келнерки, шанкерки, панкерки, автостоперки, музичарки, фудбалерки, фризерки… од речиси секоја професија. Нека е жив и здрав, и онака за ништо не му е гајле. Може и земјотрес да се случи, нема да го помести од место, да бара да се спаси. Тој е специфичен човек со чуден карактер. Сега и јас одлучив да го изневерувам. Не сум слепа и јас имам потреба да бидам со маж – вели Шикица, една од најбараните пејачки на ромска музика на овие простори. Пејачката ја раскажа и онаа урнебесна ситуација во која го нашла сопругот со љубовница во креветот.

– Една од нив ми дојде преку глава, па ја акнав со мотика. Таа дојде кај мене дома и го побара мажот ми, рече требало да одат на пат. Каков пат, сестро, лажеш, многу лажеш, што бараш ти на пат со мојот маж?! Сега ќе ги изброиш ѕвездите! И ја акнав со мотика! За среќа, не многу, но доволно да ѝ дојде мозокот на свое место. Ја повлеков за рака и силно ја истуркав од собата и од постелата на мажот ми – зборуваше отворено темпераментната Шикица пред новинарите. (Д.М.)