Пејачката Силвана Крстовска со летна глетка во Сончев брег

869

-На зајдисонцето глетката е најубава, напишала познатата македонска пејачка Силвана Крстовска од убавото бугарско туристички одморалиште Сончев брег каде се разголи во костим за капење. Всушност, летно опуштено таа е таму фамилијарно, па токму така и се одмора. Чиста класика. Ред плажа, ред сонце, ред море, ред попладневна дремка. Со оглед на тоа дека Силвана многу настапува, има концерти, има свадби, веселби и пее те ваму, те таму, овој одмор ѝ дојде како подарок од Бога.

– Морето повикува, а јас му се предавам целата, бидејќи уживам во пливањето во морската вода, тоа ми дава нова енергија, нова сила за целата следна работна година, објаснува Силвана која си фатила и убава боичка, па како таква сака да им се пофали на сите. Ние, пак, ја очекуваме нестрпливо да ни се врати и да продолжи со своите настапи за кои секогаш се бара билет повеќе. Д.М.