Пејачката Сенидах: Сите будни, а јас гледав….како татко ми умира во сообраќајна несреќa

211

Популарната пејачка Сенида (Хајдарпашиќ), попозната како Сенидах, е родена во Љубљана, со потекло е од Црна Гора, а за нејзиниот приватен живот малку се знае. Речиси никогаш не зборува за тоа пред новинарите.

„Се трудам да избегнувам интервјуа и комуникација со медиумите. Блиските луѓе ја знаат мојата приказна, на другите им кажувам се преку музиката“, изјави згодната Сенидах, а во едно од ретките интервјуа се осврна на стихот од нејзината песна кој како што истакна, е посветена на најтешкиот и најболниот спомен од нејзиното детство.

Станува збор за стихот „Сите будни заспаа, а јас гледав“, кој, како што  објасни, се однесува на спомен од нејзиното детство, кога имала само четири години.

„Тоа е најтешкиот спомен за мене. Можеби за десет, дваесет или педесет години ќе го споделам со другите она што е во прашање“, рече Сенида.

Според медиумите, таа наводно во детството доживеала тешка сообраќајна несреќа во која го загубила својот татко. Таа  поминала без никакви последици, додека нејзината мајка била тешко повредена, а нејзината сестра извесно време била во кома.

„Сите заспаа, а јас гледав“ наводно биле првите зборови што ги изговорила во деновите по несреќата, а токму тие ги испеала во една од најемотивните песни „Ти не беше таму“.