Многу познатата пејачка на “Нови фосили“ Сања Долежал, и повремено ТВ-новинарка, од неодамна е и актерка. Таа кај себе открила дека има нов талент, а тоа е глумата. Шармантната и секогаш расположената Сања од неодамна публиката ја гледа во популарниот мјузикл “Менопауза”. Овој мјузикл е работен според лиценцата на истоимениот мјузикл кој пред 3 години постигна успех на “Бродвеј” во Њујорк. Со Сања Долежал играат и: писателка и актерка Аријана Чулина, водителката (од некогашното “Добро утро Хрватска“, Кармела Вуков – Цолиќ, како и имитаторката Саломе. Дејството се одвива во еден Трговски центар каде во борба за ист црн чипкан градник ќе се сретнат: домаќинка, реалити ѕвезда, претприемачка и хипи девојка. Сите сфаќаат дека освен желбата за истиот градник, на секоја од нив ѝ е заедничко и тоа што се во менопауза. Мјузиклот постигнал успех и во Словенија, во кој игра популарната словенечка пејачка Хелена Благне кај нас позната по макфестовскиот победнички хит “Кога те нема“. Д.М.  /foto:FB/