Пејачката “одмора“ од естрадата: Верица Пандиловска во водите на едукација за дигитална писменост

256

И, ете, така…, како и пејачот Зоран Ванев, а и уште некои други пејачи, така и пејачката Верица Пандиловска очигледно си ја смени професијата. Поодамна ја нема на музичката сцена, а најмногу ја памтиме по супер хитот “Кучкин син“ и одличниот спот со Дејан Милиќевиќ. И таа одлучи на неодредено време да паузира од естрадата, да се одмори на некој начин од светлината на рефлекторите, ТВ-камерите и да ѝ се посвети на работата како едукатор за промоција на основна дигитална писменост и основни образовни алатки за онлајн наставата.

Дека се пронаоѓа во таа нова работа може лесно да се заклучи и според нејзините оптимистички статуси преку кои шири оптимизам и позитивна енергија. – Дали денеска барем еднаш се насмеавте? Времето е одлично, ни дава позитивна енергија. Некои луѓе велат ааааа…. треба среќа да имаш…, а што е всушност среќа!? Среќата не е цел, среќата е начин на живот. Е па, да се потрудиме секој ден да сме среќни, бидејќи секогаш имаме избор.

Па, ете, изборот и предизвикот на Пандиловска, не се веќе фестивалите, вечерните свирки, промоциите на новите песни, естрадата, музичките новинари… нејзината професионална среќа е сега едукација за основна дигитална писменост. Сè е до нас. Со упорност, со едукација и волја може било кој да научи да комуницира дигитално да се описмени. Ситуацијата со ковид-19 на сите ни зададе цел и потреба да се адаптираме на работа од далечина!  Д.М./foto:FB/