Пејачката Дуа Липа стана почесна амбасадорка на Косово/ФОТО

472

Популарната англиска пејачка со косовско потекло, Дуа Липа, стана почесен амбасадор на Косово.

Дуа Липа организира фестивал кој моментно е во тек во Приштина, Косово, насловен „Sunny Hill Festival“. Во текот на фестивалот, косовските власти и ја доделија титулата „почесен амбасадор на Косово“ која и беше врачена од претседателката на Косово, Вјоса Османи.

Фестивалот „Sunny Hill Festival“ во Приштина, кој трае од 4 до 7 август, Дуа Липа го организира заедно со нејзиниот татко Дукаќин.

Покрај бројните големи музички имиња кои учествуваат на музичкиот фестивал, на бината се појави и Дуа Липа облечена во провокативно издание.