Пејачката Аделина Тахири, според многумина, е една не само од најпопуларните пејачки на македонската естрада, туку важи и за една од најубавите пејачки во нашата земја. Таа е и една од ретките кои ги разбива сите можни табуа, како на пример една Албанка која постира свои разголени фотографии (преку Инстаграм) или уште повеќе што влезе во брак со човек кој е од друга нација, со познатиот скопски адвокат и почесен конзул на Република Молдавија во Македонија, Серјожа Марков.
Аделина по сè е необична во позитивна смисла на зборот. Необична е по убавината која и е во гените.

Па, така, освен што Аделина изгледа прекрасно, со прекрасна убавина може да се пофали и нејзината помала сестра Диана. Премногу наликуваат една на друга, а неретко носат и исти модни парчиња или исти фризури. И Диана Тахири е русокоса убавица, a тоа го велат многумина за нив, потенцирајќи дека природната убавина им е наследената од нивната мајка.

Пејачката Аделина Тахири има повеќе од 450.000 следбеници на својот инстаграм-профил. Сака да става фотографии од своето секојдневие и фотографии на кои е во прошетки со синот, до луксузни летни и зимски одмори и модни комбинации. Тоа и причинува радост бидејќи својата радост ја споделува со фановите. Д.М.