Печени компири со сос од кашкавал и крцкава сланина

657

Печениот компир е секогаш одличен избор за ручек, кога не планирате ни да приготвувате ручек. Направете богата, свежа салата од млада зелка или марула и уживајте во овие крцкави, а сочни печени компири со крцкави парченца сланина.

Потребно е

  • 1 чаша млеко
  • 2 лажици пченкарно брашно
  • ½ црвен пипер
  • 1 чаша чаден кашкава, рендан
  • 750 -1 килограм компири
  • Три ленти сланина, фино исечкана
  • 1 младо кромитче, исечкано
  • Сладок чили сос за послужување

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Загрејте го млекото во тенџере и измешајте до вриење. Згуснете го со пченкарното брашно и мешајте една минута, додадете го црвениот пипер, ренданиот кашкавал и мешајте додека да стане креместо.
Наредете ги компирите исечкани на осминки во плех за печење, обложен со хартија за печење и печете ги 15 минути или додека да почната да се запекуваат.

Тогаш прелејте ги со сосот, нафрлете од сечканата сланина и останатиот кашкавал па печете ги уште десет минути додека сланината и компирчињата да добијат златна боја и да станат крцкави. Кога ќе бидат готови, наросете ги со насечканото младо кромитче и послужете ги со слатко-лутиот сос.