Пецаков: Стабилни и сигурни извори на енергија со фотоволтаични панели

37

Квалитетно изработената урбанистичко-планска документација овозможува заштита и унапредување на животната средина, а пак уредувањето на просторот и неговото планирање во договор со граѓаните креира пософистициран лик на Општината и овозможува нејзино правилно просторно искористување. Оттаму обезбедувањето проектна документација за поставување фотоволтаични панели за ридско-планинските места е еден од тие проекти, изјави денеска Кирил Пецаков, кандидатот за градоначалник на Охрид предложен од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Според Пецаков, обезбедувањето сигурни и стабилни извори на енергија станува еден од најголемите проблеми со кои се соочува развојот на современите технологии за производство на електрична енергија.

– Наша определба е да вложуваме во зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија. Во таа насока има да обезбедиме проектна документација за поставување фотоволтаични панели наменети за ридско-планинските места кои што не можат да се користат за други намени, реле тој.

Со поставувањето фотоволтаични панели значително се намалуваат трошоците за електрична енергија, се зголемува вредноста на објектите и се дава значителен придонес кон заштитата на животната средина.

– Технолошкиот напредок докажа дека фотоволтаичните панели не само што се прифатлива опција, туку се и најлогичен чекор којшто може да се преземе за да се остварат заштеди на енергија. Овој проект опфаќа поставување фотоволтаични панели на спортските објекти, со чие поставување ќе се добие поголема енергетска ефикасност. Истите ќе бидат поставени на спортската сала „Билјанини извори“, на базенот и на трибина на Градскиот стадион, рече Пецаков.