Хозе Алварез, новинарот на „El Chiring“, тврди дека е нарушена атмосферата во таборот на актуелниот шампион на Англија, Манчестер Сити, затоа што неколку фудбалери не се задоволни од односот со менаџерот, Пеп Гвардиола. Истиот извор тврди дека знаци на незадоволство покажуваат скапо платените ѕвезди, Бернанрдо Силва, Жоао Кансело, Илкај Гундоган, Емерик Лапорте и Кајл Вокер.
Станува збор за неколку првотимци кои се незадоволни од третманот на Гвардиола во последниот период. Еден дел од нив сериозно размислуваат за промена на клупската средина, а тука предничи португалскиот интернационалец Бернанрдо Силва, кој веќе подолг период има желба да игра за каталонскиот гигант Барселона.
Бранителот на тронот е моментално второпласиран во Премиер лигата и тоа со пет бода помалку во споредба со Арсенал, а има одиграно и еден натпревар повеќе во споредба со лондонскиот премиерлигаш. Во следното првенствено коло, Манчестер Сити му гостува на Тотенхем.