Пет понуди за Тилеманс

128

Белгискиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Лестер, Јури Тилеманс, сигурно ќе ја промени клупската средина на крајот од актуелната сезона, пренесуваат британските медиуми. Одличниот играч за врска сака да игра за клуб кој ќе се бори за шампионската титула и кој ќе игра во Лигата на шампиони. Моментално, најголем интерес за неговите услуги покажуваат челниците на Манчестер Јунајтед, Челзи, Њукасл, Арсенал и на Вест Хем.