Пет големи пожари во Прилепско, сообраќајот е во прекин

81

Пет големи пожари во моментов се активни во Прилепско, меѓу кои и пожарот покрај магистралниот пат Прилеп-Градско кај Плетвар, на потегот кај месноста Тројаци до Радобил, каде гори нискостеблеста шума и трева од 13:30 часот.

Поради густ чад и намалена видливост, сообраќајот е запрен и има долга колона возила.

Активни се и пожарите кај селата Подмол, Бонче, Дебреште, Долненско. Главно горат нискостеблеста шума и трева. Виктор Стојчески, од прилепската противпожарна единица, вели дека имаат екипи за помош од соседните градови.

– Екипите постојано се на теренот кај жариштата, помош ни пристигна од Кавадарци и Крушево, а на теренот се и екипите од прилепските јавни комунални претпријатија, вели Стојчески.