Новиот ракометен суперлигаш, Алкалоид, од оваа полусезона, покрај за Иван Џонов и Давид Савревски, ќе биде посилен со уште еден македонски репрезентативец. Станува збор за кружниот напаѓач на исландскиот Тор Акурејри, Костадин Петров, кој се враќа во Македонија по една полусезона.

Петров играше во одлична форма на Исланд во дресот на Тор, но реши да ја прифати понудата од клубот на селекторот Кире Лазаров и на претседателот на РФМ, Живко Мукаетов.

Во својата кариера, велешанецот настапуваше за Борец, Радовиш, Металург, Пелистер, Вардар, како и за шпанската Гвадалахаеа и романската Сучеава. Тој настапи во дресот на Македонија на последното СП и постигна 11 гола.

Во Алкалоид, на пикерската позиција играат Никола Маркоски, Марко Стојковиќ и Кристијан Симоноски.