Петровска: Насилството не води никаде, верувам дека дијалогот меѓу Косово и Србија ќе продолжи

58

Министерката за одбрана Славјанка Петровска верува дека дијалогот меѓу Косово и Србија ќе продолжи и оти ќе се најде најприфатливо решение.

Во одговор на новинарско прашање за случувањата на северот на Косово, Петровска истакна дека треба да се најде решение што нема да наштети на која било од страните и ги повтори нашите заложби за мир, стабилност и безбедност во регионот.

-Одлуката на косовските власти ќе ја означам како погрешна. Во услови кога сите се залагаме пандорините прашања да се решат низ дијалог примената на насилство не не води нигде. Верувам дека ќе се најде начин таа одлука да се промени и дека дијалогот помеѓу Косово и Србија ќе продолжи се со цел изнаоѓање на најприфатливо решение кое апсолутно нема да биде на штета на која било од страните. Република Северна Македонија е силен заложник и поборник за мир, стабилност и безбедност во регионот, рече Петровска.