Петок и понеделник неработни денови – два продолжени викенди пред нас

298

Првиот ден на Курбан Бајрам 31 јули (петок) е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Од Министерството на граѓаните од муслиманска вероисповед им го честитаат празникот Курбан Бајрам.

2 август,  Денот на Републиката, оваа година паѓа во недела, па затоа се префрла неработниот ден во понеделник и со тоа добиваме продолжен викенд.

Овој месец ќе имаме уште еден продолжен викенд, бидејќи празникот Голема богородица паѓа во петок.