Петмина убиени во пукотница во пиварница во Милвоки

61

Пет лица се смртно застрелани, а неколкумина други се ранети откако напаѓач синоќа отвори оган во пиварница во Милвоки, во сојузната држава Висконсин, изјави локалната полиција.

Напаѓачот се самоубил на местото на настанот.

Според полицијата во Милвоки, напаѓачот е 51-годишен маж, кој бил најден во просториите со рана од оружје која најверојатно си ја нанел самиот.

Во текот на синоќешните часови, агенти од Федералното биро за истраги (ФБИ) биле на местото на настанот и вршеле истрага.

Училиштата и продавниците во близината биле затворени и никој не смеел да влезе или излезе неколку часа, бидејќи пукањето почнало попладнето кога учениците од локалното училиште требале да заминат дома. Полицијата изјави дека местото било како воена зона.

Сите петтмина убиени биле вработени во пиварницата „Молсон корс”.

-Пет личности кои денеска заминале на работа како секој ден, мислеле дека ќе одат на работа, ќе заврши работниот ден и ќе им се вратата на семејствата. Тие не се вратија, и страшно е што нема никогаш да го направат тоа, изјави Том Бенет, полициски мајор во Милвоки.

Полицијата и ФБИ ги истражуваат мотивите на напаѓачот кој, исто така, бил „активно вработен” во пиварата.

Од 2004 година досега во Висконсин се случиле 11 масовни пукотници со жртви.

Извор:МИА