Петмина странци потпретседатели го напуштија „Росњефт“

49

Петмина странци потпретседатели на руската компанија Росњефт поднесоа оставка поради санкциите на ЕУ кои им забрануваат на европските граѓани или Русите кои живеат во Унијата да работат во таа компанија. Петмина странски државјани, Дидие Касемиро, Ерик Лирон, Жељко Руње, Аврил Конрој и Отабек Каримов го напуштија Росњефт поради последниот пакет санкции на ЕУ, што стапија на сила на 15 мај, велат изворите.

Сите петмина се приклучија на компанијата во 2012 или почетокот на 2013 година. Засега нема коментар од Росњефт. Европскиот парламент повика и поранешниот германски канцелар Герхард Шредер да се најде на црната листа доколку не го напушти одборот на директори на руската компанија.