Петар Стојанов: Од ГЕРБ не ми предложија, ниту јас понудив да биде нивни кандидат за претседател на Бугарија

234

Поранешниот претседател на Бугарија (1997-2002) Петар Стојанов соопшти дека не му било предложено ниту тој понудил на ГЕРБ да биде нивни кандидат за претседател на Бугарија на претстојните претседателски избори на 14 ноември.

Ова го соопшти лично тој на неговата официјална веб-страница.

Според дописникот на МИА од Софија, кандидатурата на Стојанов, според него, би имала смисла само доколку ги обедини сите десничарски гласачи во Бугарија.

Пратеникот на ГЕРБ, Тома Биков вчера коментираше за БНР дека неговата партија разговара за името на Петар Стојанов како идеален противник на Румен Радев на претседателските избори во Бугарија на 14 ноември.

Поранешниот претседател на Бугарија Росен Плевнелиев (2012-2017) позитивно ја коментираше можната номинација на неговиот претходник за втор претседателски мандат.

Пред неколку дена, Петар Стојанов, кој во моментов е во посета на САД, во интервју за приватната национална телевизија БТВ коментираше дека денес времето е поинакво од кога тој бил претседател на Бугарија и оти на секоја генерација и се потребни нејзини лидери.