Петар Богојески ја нуди на располагање Шула Мина во Крушево да биде Ковид центар

202

Петар Богојески од Македонски концепт, поради состојбата со коронавирусот во Македонија и со оглед на кризната состојба која од саботата е на сила во цела држава на својот Фејсбук профил јавно се понуди да помогне.

Богојески напиша на Фејсбук:

Во ова кризно време невреме за мојот народ и мојата Македонија, по трет пат (сега веќе јавно) ги известувам Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë / Венко Филипче / Zoran Zaev дека го ставаме на располагање целокупниот капацитет (280 кревети) на Adventure Park & Restaurant Woodland (популарната Шула Мина) во Крушево, на здравствениот систем, без надоместок!!!

Објектот се наоѓа во боженствена природа, а започнал да постои за време на Првата светска војна како кислородна бања за болни од туберколоза! Бидејќи лично јас и моето семејство, поминуваме низ корона пеколот, точно знам што им е потребно на болните! Таму само да престојуваш два дена, пневмонијата ќе исчезне од кислородот од Беговата / Крушевската Корија!

Нема потреба да градите нови монтажни болници и да трошите милиони од овој напатен народ!!! Купете само нафта /нешто имаме ние/, донесете медицински персонал заедно со семејствата и нека се лекува нашиот народ! Бидејќи јас и членови на моето семејство, за кратко ќе имаме имунитет на корона, доброволно се пријавуваме да волонтираме и да помагаме на лекарите и на болните!!!

Ако сметате за потребно, тука сме!!!
Вие си знаете!!!