Петар Богојески: „Со сила убавина не бидува“

166

Претседателот на платформата Македонски концепт, Петар Богојески гласаше во Скопје.

– Нашите стари кажале „Со сила убавина не бидува“, затоа денеска со кроце, спокојно, сите внимателно без непотребни тензии да заврши овој ден, да изгласаме онака како што секој од нас смета дека е правилно, но сепак да имаме едно на ум, од утрешниот ден па натаму да не се жалиме доколку не сме подготвени да ги промени работите на подобро и доколку не сме подготвени да влеземе во нормален и во спокоен живот – изјави Богојески.