“Песна на Евровизија 2021“ – да навиваме вечерва за Македонија и Васил Гарванлиев

1285

Република Северна Македонија, како што стои официјално, вечерва 18 мај, настапува 6-та по ред на “Песна на Евровизија“ која се оддржува, во Холандија, а по 65-пат. Претставникот е Васил Гарванлиев пејач со моќен глас кој ќе ја испее својата песна на англиски јазик.

За самата песна мислењата и вкусовите се поделени. За пеењето на Васил никој нема дилема дека поседува одличен вокал, како што е и одличен во однесувањето додека е на сцената со микрофон во рака. Атмосферата во Ротердам кај сите учесници е извонредна и покрај сите превземени здравствени мерки поради корона ситуацијата. Тоа подразбира строго контролирано движење и рестрикција на контакти. Васил Гарванлиев одвај чека вечерва да запее, нема трема што е многу важно, а ние покрај тв-екраните (со почеток во 21 час на МТВ 1) сложно да бидеме со него.

Особено македонската дијаспора за која се надеваме дека нема затаи, бидејќи на нив им е овозможено да гласаат за Васил. Ние од тука од Македонија не можеме за својот претставник, впрочем како што не може ниту една друга земја за своите од својот географски простор. Со среќа Васил! Па, да се вие македонското знаме и во Големото финале во сабота на 22 мај.    Д.Миќиќ/фото:ФБ