Песната на Трамп и осудениците за нападот на Конгресот стана хит: „Правда за сите“ прва на iTunes

118

Духовната песна на групата осуденици за нападот на Капитол Хил на 6 јануари 2021 година, во која на снимањето учествуваше и поранешниот американски претседател Доналд Трамп, изминатиот викенд стигна на првото место на музичката листа на iTunes.

Синглот на затворскиот хор J6 насловен „Правда за сите“ го надмина песната „Цвеќиња“ на познатата поп ѕвезда Мајли Сајрус на листата на iTunes, објави американската медиумска компанија Хил.

Песната „Правда за сите“ ја изведува хор од затвореници, но во позадина на овој двеминутен госпел се слуша и како поранешниот американски претседател ја рецитира „Заклетвата за верност“.

Доналд Трамп го сними својот дел во неговата резиденција Мар-а-Лаго на Флорида, додека хорот ги сними нивните делови користејќи затворски телефон.

Иако песната „Правда за сите“ го зазеде првото место на музичката листа на iTunes, сепак не се најде на 50-те најпуштани песни на листата на платформата за стриминг музика, Spotify.

Од објавувањето на 4 март, госпелот „Правда за сите“ со Доналд Трамп како еден од изведувачите има 504.000 прегледи на платформата YouTube, објавија американските медиуми.