Песков го поддржа основачот на Тесла: Маск произнесе факти

640

Основачот на Tesla и SpaceX, американскиот милијардер Илон Маск неодамна ја разлути јавноста со својот предлог за прекин на војната меѓу Русија и Украина.

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитри Песков, денеска го поддржа Маск.

Тогаш Маск објави на Твитер дека „мнозинството Украинци несомнено сакаат да живеат во Украина, но некои делови од земјата на исток имаат мнозинско руско население и ја претпочитаат Русија“. Песков ја пофали токму оваа изјава денес, велејќи дека изјавата на Маск е „констатација на факти“.

Во подоцнежниот твит, Маск додаде: „Очигледно не сите кои гласаа за проруската партија се приклучија на Русија, но би било неточно да се каже дека никој не го стори тоа“.

Украина бурно реагираше на твитовите на американскиот милијардер. Украинскиот претседател Володимир Зеленски, одговарајќи на предлогот на Маск со сопствена анкета, ги праша следбениците на Твитер кој Маск го претпочитаат – оној што ја поддржува Украина или оној што ја поддржува Русија?