Песков: Војната може да заврши до крајот на денот

431

Украинските власти, доколку сакаат, можат да ги прекинат воените дејствија во рок од неколку часа, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ја изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека е неопходно да се заврши војната пред зимата.

„Украинската страна може да запре сè пред крајот на денешниот ден. Потребна е наредба до националистичките единици да го положат оружјето, наредба до украинската армија да го остави оружјето и треба да ги исполнат условите на Руската Федерација. Сè може да се заврши пред крајот на денот“, рече Песков.

Тој додаде дека руската страна се води од изјавите на Владимир Путин и дека „специјалната воена операција се одвива според планот и ги постигнува своите цели“. Песков појасни дека не постојат приближни датуми за завршување на воената операција, пренесува РИА Новости.