Перe од „Нокаут“ по трет пат стана татко

319

Уште еден среќе миг кај Никола Перевски од групата Нокаут. Тој освен што победи на Мак Фест со песната „Сакам да живеам“, тој по трет пат станата татко. Пејачот повторно доби ќеркичка со Јована. Убавата вест на социјалните мрежи ја сподели неговиот брат. Чичо Бојан толку беше радостен што дури го откри и нејзиното име.

– Мекицииииии!!! Моите татко и мајка добија повторно внука! Мојот брат ја доби својата трета ќерка со својата љубов Јована. Моите внуки Михаела и Каја добија сестра! Моите деца добија братучетка! Јас пак по трет пат сум горд чичко! А светот? Светот ја доби Софиа Перевска! Со љубов против сите зла, напиша тој.

Инаку, Пере ги има и ќерките Каја и Михаела.