Перуанскиот писател Марио Варгас Љоса станува член на Француската академија

    32

    Перуанскиот писател Марио Варгас Љоса (85) денеска е избран за член на Француската академија.

    Добитникот на Нобеловата награда за литература во 2010 година доби 18 гласови за, еден глас против и две неважечки ливчиња.

    Неговата кандидатура беше поднесена уште во 2010 година, кога Љоса ја исполни возрасната граница од 75 години. Не постои правило за националноста за влез во Француската академија.

    Љоса никогаш не објавил дела на француски, иако течно го зборува откако емигрирал во Париз во 1959 година. Познатиот писател сега живее во Мадрид.